Хала · Терминали
Улоги на работниците и текови на терминалот
Почетниот екран на терминалот има најмногу пет крупни копчиња: отвори берба, прими берба, сортирај, прими во магацин и излез од магацин. Отворањето берба и сортирањето ги гледа секој најавен работник. Другите три текови ги гледа само работник со соодветна улога од апликацијата, а серверот во фабриката ја проверува улогата на секое барање.
На T1 работник со улога прием на берба гледа отворање, прием на берба и сортирање.
На T4 Marko J. има улога прием во магацин и ја прави палетата HU-2026-00421.
На T3 работник со улога излез скенира 18 палети на патниот налог PN-2026-00012.
Како се доделуваат тековите
Улога во апликацијата
Канцеларијата на работникот му доделува една или повеќе улоги: прием на берба, прием во магацин, излез од магацин.
Сервер во фабриката
Серверот ги презема работниците и нивните улоги од апликацијата секој час.
Најава
По најавата почетниот екран ги прикажува отворените текови и оние за кои работникот има улога.
Што прават улогите на терминалот
Текови
- Терминалот ги прикажува само текови за кои работникот има улога: прием на берба, прием во магацин или излез од магацин.
- Отворањето берба и сортирањето може да ги работи секој најавен работник, без посебна улога.
- Серверот во фабриката ја проверува улогата на работникот на секое барање, а не само со криење на копчето.
Трага
- Приемот на берба, палетата и приемот во магацин се бележат на името на работникот најавен на терминалот.
- При утовар секоја палета се скенира на патниот налог, а налогот памти кој скенирал и кога.
Поврзано
- Прием на берба
Тек со улога прием на берба: бруто, гајби, редови и етикета.
- Прием на палета
Тек со улога прием во магацин: калибар, нето и скенирање на етикетата.
- Отпрема
Тек со улога излез: палетите се скенираат на патниот налог.
Прашања на овоштарите
Може ли еден работник да има повеќе улоги?
Може. Улогите се собираат, па работник со сите три ги гледа сите пет текови.
Што може да работи работник без улога?
Да отвори берба и да скенира гајби во сортирањето. Тие два текови се отворени за секој најавен работник.
Кога новата улога стигнува на терминалот?
Во рок од еден час, колку често серверот во фабриката ги презема работниците од апликацијата. Работникот потоа повторно се најавува.
Покажете ни ја вашата берба
Во еден разговор го поминуваме вашиот пат од редот до камионот и го покажуваме во системот, со вашите сорти и парцели.