Поддршка
Поддршката почнува со првата берба: ја работиме со вашите луѓе, од редот до камионот, а што ќе запне се решава на лице место. Потоа на прашањата одговара истиот тим што го воведе системот. Секојдневните измени, како нов сезонски работник со картичка или нова улога, канцеларијата ги прави сама во апликацијата.
Како тече поддршката
Прва берба, на лице место
Првите записи за берба, првото сортирање, првите палети и првиот патен налог минуваат низ системот додека сме покрај луѓето во халата. Што ќе запне, се решава додека трае бербата.
Прашања по првата берба
На прашањата од канцеларијата и халата одговара истиот тим што го воведуваше системот и ги знае вашите парцели, сорти и работни места.
Нова сезона
Пред следната сезона доаѓаат нови сезонски работници. Канцеларијата во апликацијата им внесува шифра и печати картичка, а серверот во фабриката ги презема во рок од еден час.
Што се договара посебно
| Обука на нови луѓе | во фабриката или од далечина, кога пред сезоната ќе дојдат нови луѓе во халата или канцеларијата |
|---|---|
| Дополнително работно место во халата | терминал, читач и печатач по понуда, поставени како и првите |
Што канцеларијата прави сама
Луѓе и права
- Шифрата на работникот се внесува во апликацијата, а оттаму се печати картичка 80×50 mm со име и баркод.
- Серверот во фабриката ги презема работниците, сортите, парцелите, редовите и калибрите од апликацијата секој час, а работните места, печатачите и терминалите на 5 минути.
- Терминалот ги прикажува само текови за кои работникот има улога: прием на берба, прием во магацин или излез од магацин.
- Правата на корисниците во канцеларијата се задаваат со улоги, посебно за преглед и за измена на секој вид податоци.
Работни места и етикети
- Работното место во апликацијата има назив и шифра, а со него одат по еден терминал и печатач.
- На секој терминал во апликацијата му се доделува печатач, а етикетите од тој терминал излегуваат на него.
- За етикетата од приемот на берба секој печатач може да има сопствен шаблон од апликацијата.
Со поддршката
- Воведување
Насад, магацин, луѓе и хала пред сезоната, па прва берба со поддршка.
- Хардвер и сервер
Терминали, читачи, печатачи на етикети и сервер набавуваме и поставуваме.
- Најава со баркод
Картичката на работникот со баркод го отвора терминалот за цела смена.
Прашања на купувачите
Кој одговара на прашањата?
Истиот тим што го воведуваше системот. Ги знае вашите парцели, сорти, работни места и терминали, па ништо не мора да се објаснува од почеток.
Дали новиот сезонски работник чека на нас?
Не. Канцеларијата во апликацијата му внесува шифра и печати картичка, а серверот во фабриката го презема во рок од еден час.
Покажете ни ја вашата берба
Во еден разговор го поминуваме вашиот пат од редот до камионот и го покажуваме во системот, со вашите сорти и парцели.